• понеделник, 08 јули 2024

Делчевското село Тработивиште в недела домаќин на првиот ,,Фестивал на зелката"

Делчевското село Тработивиште в недела домаќин на првиот ,,Фестивал на зелката
Делчево, 13 ноември 2021 (МИА) - Во делчевското село Тработивиште за утре е закажана манифестацијата „Зелкијада 2021“,  прв настан од ваков вид на кој како што информираат организаторите акцент ќе биде ставен на подготовката на јадења од зелка и храната која може да се приготви од домашна зелка.
- Село Тработивиште е село кое е познато токму по овој градинарски производ кој го има во изобилство и кој често е присутен на пазарите како во Источна Македонија, така и пошироко. Поради тоа решивме за прв пат да организираме ваков настан во нашето село заради што упатуваме покана до сите посетители и заинтересирани да присуствуваа на настанот, истакнаа организаторите.
Во рамки на Зелкијадата, како што додадоа предвидено е подготовка на подварок, сарма свадбарска зелка и многу други специјалитети препознатливи за село Тработивиште и Пијанец.
- Настанот има за цел да им се посвети внимание на производителите на зелка и оние кои сакаат да дознаат повеќе за новите сорти, технологија на производство, преработка и маркетинг на зелка и производи од зелка, додадоа организаторите.
Во програмата на Фестивалот на зелката ќе биде вклучена и изложби на земјоделски производи, како и културно-уметничка програма со настап на локални извефували и групи. вс/ки/

Остани поврзан