• понеделник, 15 декември 2025

Делчевскиот Центар за култура со акција за промовирање на културата преку собирање материјални добра

Делчевскиот Центар за култура со акција за промовирање на културата преку собирање материјални добра

Делчево, 24 февруари 2025 (МИА) - Фолклорната група при Националната установа ,,Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево и оваа година продолжува со акцијата за промовирање на културата преку собирање материјални добра. 

За таа цел од установата со апел до граѓаните кои имаат ракотворби или облековни елементи, да се вклучат во акцијата на делчевската културна установа.

-Со акцијата прибираме ракотворби или облековни елементи : фута, тријачка, ентерија, саја, волнени чорапи, кошули, колани, појаси и други ткаенини или рачно изработени нешта. Секој што има вакви ракотворби или облековни елементи, а не му се потребни може да ги донесе во Центарот за култура, се со цел да ги зачуваме пребогатите материјални добра, истакна, Кристијан Трајановски, соработник за фолклор и сценско уметничка дејност при Национална установа Центар за култура ,, Никола Јонков Вапцаров “ Делчево

Целта на оваа мисија како што додаде е зачувување, вреднување, афирмирање и презентирање на македонската култура и традиција.

-Се она што ќе биде соберено и оваа година ќе биде изложено во просториите на Центарот за култура, додаде Трајановски.

Акцијата ќе трае се до 31 март 2025 година. вс/са/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан