• петок, 05 јули 2024

Делови од Батинци и Стајковци без вода

Делови од Батинци и Стајковци без вода

Скопје, 4 јули 2023 (МИА) - Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците од скопските села Батинци и Стајковци. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ -  Скопје, прекинот во Батинци е поради дефект ф-90 милиметри на улица „1“ во Батинци, на патот за Марков манастир. 

Прекинот во водоснабдувањето во Стајковци е поради уличен дефект ф-250 милиметри на улица „Алија Авдовиќ“ без број.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите. мд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан