Девет лица се повредени во пожарот што изби на аеродромот ЏФК во Њујорк
- Неколку луѓе се хоспитализирани откако вчера изби пожар на подвижните скали на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди (ЏФК) во Њујорк, соопштија американските власти
Вашингтон, 25 јули 2024 (МИА) – Неколку луѓе се хоспитализирани откако вчера изби пожар на подвижните скали на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди (ЏФК) во Њујорк, соопштија американските власти.
„Еј-би-си њуз“ (ABC News) јави дека при мал пожар на ескалаторите на терминалот осум на аеродромот девет лица се здобиле со полесни повреди поради вдишување чад, од кои четворица се хоспитализирани. ми/
фото: МИА архива