• недела, 22 декември 2024

Дебата „Род, плати и радиодифузија“ како аспект на медиумската писменост

Дебата „Род, плати и радиодифузија“ како аспект на медиумската писменост

Скопје, 2 ноември 2020 ( МИА) - Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе се одржи дебата на тема „Род, плати и радиодифузија“, посветена на родот како аспект на медиумската писменост.

На овој настан, кој се одржува на завршниот ден од Деновите на медиумска писменост 2020, ќе бидат презентирани наодите од истражувањето за родовата структура на платите во радиодифузијата, кои ставени во поширокиот контекст на начинот на кој се третираат родовите теми во вестите, како и на структурата на вработените, ќе послужат како основа за дебата.

На оваа дебата од АВМУ го најавуваат обраќањето на Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На темата Третман на родовите прашања во вестите – клучни наоди од анализите на АВМУ за периодот 2012-2017 година ќе зборува Марина Трајкова, додека за Родовата структура на платите во радиодифузијата – анализа на АВМУ ќе зборува Виктор Стојанов. фф/сп/

Остани поврзан