• петок, 22 ноември 2024

Двојно намалена побарувачката за нови автомобили во Хрватска, Шпанија и Италија

Двојно намалена побарувачката за нови автомобили во Хрватска, Шпанија и Италија
Брисел, 16 јули 2020 (МИА) – Побарувачката на нови автомобили во Европа забележа голем пад во првата половина од годината поради пандемијата со Ковид-19, а најголемо намалување, речиси двојно  има во Хрватска, Шпанија и Италија, соопшти Европска асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА). Во земјите-членки на Европска Унија побарувачката за нови автомобили бележи пад од март, кога се воведоа строги мерки за сузбивање на новиот корнавирус. Граѓаните имаа ограничено движење, а многу компании, вклучително и автосалоните беа затворени. Најголем пад од 76,3 отсто е регистриран во април, додека во мај намалената  побарувачка за нови автомобили изнесуваше 52,3 проценти. Според податоци на АЦЕА, во јуни во 26 земји-членки на ЕУ (без Малта за која нема достапни информации) регистрирани се вкупно 949.722 нови автомобили, што е за 22,3 отсто помалку во споредба со истиот месец минатата година. Во првите шест месеци од годината во земјите-членки на ЕУ регистрирани се 4,28 милиони нови автомобили, што е за 38,1 проценти помалку во споредба со првата половина од 2019 година. ми/

Остани поврзан