• сабота, 18 мај 2024

Две лица загинаа на југот на Либан од израелски дрон

Две лица загинаа на југот на Либан од израелски дрон

Бејрут, 10 мај 2024 (МИА) - Две лица беа убиени денеска од израелско беспилотно летало во либанско село во пограничната област каде во последните денови се интензивираа воените активности.

-Државната Национална новинска агенција објави дека болничар и вработен во телекомуникациска компанија биле убиени од дрон во Теир Хараф, на три километри од границата, пренесе Бета.

Во четвртокот, четворица членови на борбеното движење Хезболах беа убиени во сличен напад врз возило во едно либанско село.

Група поврзана со сојузникот на Хезболах - организацијата Амал на претседателот на либанскиот парламент Набих Бери, денеска објави дека нејзин член, болничар, бил убиен за време на должноста во јужен Либан. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан