• петок, 22 ноември 2024

Две лица загинаа, едно е тешко повредено во експлозија во Пакистан

Две лица загинаа, едно е тешко повредено во експлозија во Пакистан

Исламабад, 10 март 2024 (МИА) - Две лица загинаа, а едно е тешко повредено кога мотоцикл полн со експлозиви експлодира утрово во градот Пешавар во северозападен Пакистан, соопшти полицијата.

Претставникот на полицијата во Пешавар, Кашиф Абаси, изјави дека на мотоциклот имало меѓу четири и пет килограми експлозив.

Тој додаде дека експлозијата се случила пред планираното време, но не прецизираше која била целта на нападот.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф рече дека владата е решена да го искорени тероризмот, соопшти неговиот кабинет.

Пешавар е главен град на провинцијата Хајбер-Пахтунхва, која е поранешно упориште на пакистанската талибанска милитантна група, позната и како ТТП. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан