• петок, 05 декември 2025

Двe лица загинаа во Скопје, со мотор удриле во бетонски столб

Двe лица загинаа во Скопје, со мотор удриле во бетонски столб

Скопје, 23 мај 2025 (МИА) - Две лица вечерва го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје. Во несреќата мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. 

Како што информира МВР, случајот денеска во 18:23 часот бил пријавен во СВР Скопје.

- Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР. мд/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан