• петок, 10 мај 2024

Два лета на скопскиот аеродром откажани поради магла

Два лета на скопскиот аеродром откажани поради магла

Скопје, 30 декември 2023 (МИА) - Поради магла на Меѓународниот аеродром во Скопје до 15:00 часот се откажани ноќниот/утринскиот лет од/до Белград на „Air Serbia“ и летот до Фридрихсхафен на „Wizz Air“.

Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Turkish Airlines“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром).

Двата лета на авиокомпанијата  „Wizz Air“ (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.

Летот од Љубљана на „Wizz Air“, пак, бил пренасочен кон Софија.

- Сите други редовни летови се со одредено пократко или подолго доцнење, информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан