• петок, 12 јули 2024

„Дајте музика" и Антонија Гиговска во Крива Паланка на „Новогодишен базар 2023" 

„Дајте музика

Крива Паланка, 30 декември 2023 (МИА) - На  градскиот плоштад во Крива Паланка синоќа публиката уживаше во настапите на Тин камп „Дајте музика" и Антонија Гиговска, како дел од програмата на „Новогодишен базар 2023".

- Публиката од различни возрасти, најмногу млади, се забавуваше во ритамот на настапите на популарните момци и девојки од „Дајте музика", уживаше во изведбата на Антонија Гиговска, а разиграната студена вечер во градот ја раздвижија и триковите на Кристијан Бенито, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Најмладите уживаа со „Распеано симитче", „Далматинко и Дедо Мраз", новогодишно комично шоу, Ѓурчиновски и пантомима, додека денеска, за крај на  „Новогодишен базар 2013", следуваат дневна програма и пристигнување на Дедо Мраз, во 11 часот, а вечер на програмата се настапите на Два Бона, огнено шоу и Некст Тајм. ид/


Фото: Општина Крива Паланка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан