Данска инвестира 5,4 милијарди евра во поморската флота
- Данска ќе инвестира 40 милијарди дански круни (5,4 милијарди евра) во својата поморска флота поради руската војна врз Украина и „новата безбедносна ситуација во Европа“, изјави денеска минист
Копенхаген, 18 август 2022 (МИА) - Данска ќе инвестира 40 милијарди дански круни (5,4 милијарди евра) во својата поморска флота поради руската војна врз Украина и „новата безбедносна ситуација во Европа“, изјави денеска министерот за одбрана Мортен Бодсков.
- Со рускиот напад врз Украина и новата безбедносна ситуација во Европа, поважно е од кога било Данска да може да се одбрани. Безбедноста на снабдувањето игра одлучувачка улога овде, посочи Бодсков.
Данската премиерка Мете Фредериксен минатата недела објави дека Данска ќе даде уште 110 милиони евра финансиска помош за Украина за „оружје, опрема и обука“. ми/