• петок, 22 ноември 2024

Гувернерот на Оклахома позитивен на Ковид-19

Гувернерот на Оклахома позитивен на Ковид-19
Оклахома Сити, 16 јули 2020 (МИА) - Гувернерот на американската сојузна држава Оклахома, Кевин Стит изјави дека е позитивен на новиот коронавирус. Тој е прв лидер на една американска држава, за кој се знае дека е заразен со Ковид-19. - Се чувствувам добро. Малку сум истоштен, немам температура, објасни гувернерот, додавајќи дека се наоѓа во самоизолација, одвоен од семејството и планира да продолжи да работи од дома. Стит ги повика граѓаните на Оклахома да се тестираат доколку почувствуваат какви било симптоми. гт/

Остани поврзан