• петок, 22 ноември 2024

Гувернерката на Токио одлучи Олимписките игри да се одржат во 2021 година

Гувернерката на Токио одлучи Олимписките игри да се одржат во 2021 година
Токио, 24 ноември 2020 (МИА) - Гувернерката на Токио, Јурико Коике одлучи Олимписките игри да се одржат во 2021 година, и покрај зголемувањето на бројот на заразени со вирусот. Во Јапонија, повеќе од 2.000 луѓе беа заразени секој ден во текот на изминатиот месец, но јапонската Влада работи на усогласување на превентивните мерки со деловните активности, така што економијата да не биде дополнително погодена. - Како град домаќин, решени сме да ги одржиме Олимписките игри по секоја цена, рпорача Коике на денешната прес-конференција во Токио. Сепак, неодамнешното зголемување на бројот на пациенти го доведува во прашање одржувањето на Летните олимписки игри во Токио. Од почетокот на пандемијата во Јапонија, присуството на коронавирус е потврдено кај околу 134 илјади луѓе, а речиси 2.000 починале. Од нив, само во јапонскиот главен град досега се регистрирани 38.200 случаи на Ковид-19. паг/  

Остани поврзан