• понеделник, 23 декември 2024

Гуадо: Опозицијата нема да го признае лажниот Национален изборен совет

Гуадо: Опозицијата нема да го признае лажниот Национален изборен совет
Каракас, 14 јуни 2020 (МИА) - Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо изјави дека опозицијата нема да го признае Националниот изборен совет, што беше именуван од Врховниот суд, кој е близок до Владата. - Не признаваме никаков лажен Национален изборен совет, истакна Гуаидо. Тој се залага за продолжување на актуелниот состав на Парламентот, чиј мандат истекува во јануари 2021 година. Во согласност со Уставот на Венецуела, изборниот совет го именува Парламентот, но Врховниот суд откако утврди дека Парламентот не го направил тоа, во петокот ги назначи члеовите на тоа тело. - По пет целосно изгубени години, кога Парламентот беше под контрола на опозицијата, неопходна е работата на Советот поради изборот на нов Парламент, изјави претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Опозициските лидери го осудија потегот на Врховниот суд истакнувајќи дека мандатот на актуелните пратеници треба да биде продолжен. ми/

Остани поврзан