• петок, 22 ноември 2024

Грчко МНР: Турција да запре со провокациите на Кипар и да се усогласи со меѓународното право

Грчко МНР: Турција да запре со провокациите на Кипар и да се усогласи со меѓународното право
Атина, 20 јули 2021 (МИА) – Турција мора веднаш да го запре нејзиното провокативно однесување и да се усогласи со меѓународното право, повикуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во соопштението по повод 47-годишнината од турската инвазија на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР потенцираат дека Грција, „во целосна координација со Република Кипар, работи на праведно и одржливо решение на кипарското прашање“, решение што ќе се заснова на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и европското законодавство, односно обединет Кипар во рамките на една федерација со две заедници и две зони. Додаваат дека не се согласуваат и целосно ги отфрлаат напорите на Турција и раководство на турско- кипарската заедницата за промена на конкретната перспектива. -Продолжувањето на незаконските активности, како и новите соопштенија од турска страна ги кршат соодветните одлуки на Советот за безбедност, целосно се во спротивност со заклучоците на Европскиот совет, како и со повиците на меѓународната заедница. Тие се за осуда и не треба да останат неодговорени. Турција мора веднаш да запре со провокативното однесување и прекршувањата и да се усогласи со меѓународното право, соопштуваат од грчкото МНР. ср/сд/

Остани поврзан