• понеделник, 23 декември 2024

Грчките медиуми за пожарот во модуларната болница во Тетово: Трагедија во Северна Македонија

Грчките медиуми за пожарот во модуларната болница во Тетово: Трагедија во Северна Македонија
Атина, 9 септември 2021 (МИА) – „Трагедија во Северна Македонија: најмалку десет мртви во пожар во Ковид болница“, е најчестиот наслов во грчките медиуми за синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово, јави дописничката на МИА од Атина. Медиумите во Грција, како електронските, така и телевизиите, рано утрово ја пренесуваат веста заедно со видеа и фотографии, коментирајќи дека станува збор за трагедија. Паралелно, ги пренесуваат и објавените твитови како на премиерот Зоран Заев, така и на министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека веднаш заминале за Тетово. Телевизијата „Скај“ коментира дека пожарот во модуларната болница во Тетово избувна на денот кога земјата ја прославуваше 30-годишнина од независноста. Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека според министерот Филипче десет лица ги загубија животите и додава дека медиумите во Скопје објавуваат дека бројот на жртвите е поголем. Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ посочува дека причините за експлозијата остануваат непознати, а петмина јавни обвинители вршат истрага за трагедијата. Како што утрово објави МИА, Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот „Твитер“ профил изрази сочувство до семејствата на загинатите и солидарност до народот и владата на Северна. ср/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан