Грчката крајбрежна служба спаси 106 лица во близина на островот Кос
- Грчката крајбрежна служба синоќа, јужно од островот Кос лоцирала полупотонат чамец и спасила над 100 лица од различна националност, кои успеале самите да стигнат на брегот, јави дописничката
Атина, 8 мај 2022 (МИА) – Грчката крајбрежна служба синоќа, јужно од островот Кос, лоцирала полупотонат чамец и спасила над 100 лица од различна националност, кои успеале самите да стигнат на брегот, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од Крајбрежната служба на Грција, вкупно 106 лица, од кои 72 мажи, 14 жени и 20 деца, биле пронајдени на брегот, во добра здравствена состојба и ќе бидат пренесени во центарот за прием на бегалци и мигранти на Кос.
По откривањето на чамецот и лицата, продолжила акцијата и на копно и во вода за евентуални исчезнати лица, но без резултат, а спасените изјавиле дека ниту еден сопатник не исчезнал. ср/гт/