• петок, 28 јуни 2024

Грција ја поздравува одлуката на Шведска и Финска за членство во НАТО

Грција ја поздравува одлуката на Шведска и Финска за членство во НАТО
Атина, 19 мај 2022 (МИА) – Грција ја поздравува историската одлука на Финска и Шведска да аплицираат за членство во НАТО, соопштија утрово од грчкото МНР, изразувајќи надеж дека брзо ќе заврши процесот на пристапување, јави дописничката на МИА од Атина. -Интеграцијата на два дополнителни европски партнери кои имаат длабоко вкоренети демократски традиции и почитување на меѓународното право, во семејството на НАТО дополнително ќе ја зајакне колективната безбедност на Европа, нашето единство и консолидацијата на заедничките вредности. Се надеваме на брзо завршување на процесот на пристапување и очекуваме да работиме со двете земји како нови сојузници на НАТО, соопштија од грчкото МНР. ср/

Остани поврзан