• недела, 21 јули 2024

Груби оствари средба со новиот амбасадор на Косово, Флоријан Ќехаја

Груби оствари средба со новиот амбасадор на Косово, Флоријан Ќехаја
Скопје, 6 jуни  2022 (MIA) - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со новиот амбасадор на Косово во земјава, Флоријан Ќехаја. Груби му честиташр на амбасадорот Ќехаја за новиот мандат и ја истакна поддршката за успешното исполнување на неговата мисија во земјава. - Билатералните односи меѓу двете земји се на потребното ниво и исто треба да се продолжи со напорна работа за зајакнување и консолидирање на меѓународниот субјективитет на Косово на патот кон евроатлантските интеграции, додека Северна Македонија е подготвена да го понуди нејзиното искуство како членка на НАТО, заклучиле заеднички Груби и Ќехаја, се наведува во соопштението од Кабинетот на првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците. На средбата се разговараше и за инфраструктурни проекти, меѓу кои и автопатот Скопје - Блаце, Коридорот 8, патот Тетово - Призрен, како витални и многу важни проекти за поврзување не само на нашите две земји, туку и на целиот Западен Балкан. Како што стои во соопштението, се разговараше и за проектот One stop shop што треба да започне што поскоро да се реализира, а преку кој ќе се отстранат границите и ќе има олеснувања во размената на стоките и движењето на граѓаните. Утре, се најавува во соопштението, се очекува да се сретнат комисиите на двете земји од различни ресори, меѓу кои и на министерствата за внатрешни работи, Царината и другите институции кои се вклучени во овој проект, со цел да се поттикне конечната реализација што е можно поскоро. Груби истакна дека Република Северна Македонија и Република Косово треба да соработуваат со цел да се отстранат сите бирократски пречки што постојат во сите случувања од политичкиот, културниот, економскиот, трговскиот и сите други сфери на животот за подобра благосостојба на сите граѓани. цр/сп/

Остани поврзан