Гром предизвика исклучување на нуклеарна централа во Ерменија
- Гром предизвикал прекин во снабдувањето со струја на единствената нуклеарна централа во Ерменија. Централа, која се наоѓа во близина на градот Мецамор, била погодена синоќа во 21:55 часот по локално време и била исклучена од електромрежата, се наведува во извештајот на Министерството за територијална администрација и инфраструктура на Ерменија.
Ереван, 31август 2024 (МИА) - Гром предизвикал прекин во снабдувањето со струја на единствената нуклеарна централа во Ерменија. Централа, која се наоѓа во близина на градот Мецамор, била погодена синоќа во 21:55 часот по локално време и била исклучена од електромрежата, се наведува во извештајот на Министерството за територијална администрација и инфраструктура на Ерменија.
Поради громот, како што наведуваат ермснките власти, се активирал безбедносниот систем и централата автоматски била исклучена, пренесува БТА.
Министерството соопшти дека во моментов се работи на повторно поврзување на со електродистрибутивниот систем.са/
Фото: принтскрин