• недела, 22 декември 2024

Новиот командант на КФОР, италијанскиот генерал Енрико Бардуани, пристигна во Приштина

Новиот командант на КФОР, италијанскиот генерал Енрико Бардуани, пристигна во Приштина

Приштина, 4 октомври 2024 (МИА) – Новиот командант на КФОР, генерал-мајор Енрико Бардуани допатува попладнево во Приштина, недела дена пред официјално да ја преземе командата на Мировната мисија на НАТО во Косово од турскиот генерал-мајор Озкан Улуташ, кој го водеше КФОР во изминатите година дена, јави дописникот на МИА од Приштина.

Генералот Бардуани ќе биде 14-тиот Италијанец кој ќе го води КФОР од 1999 година, кога меѓународната мисија беше формирана со одлука на Обединетите нации веднаш по завршувањето на војната во Косово.

Новиот командант на КФОР на приштинскиот аеродром го пречека амбасадорот на Италија во земјата, Антонело Де Риу.

„Амбасадорот Де Риу денеска срдечно го пречека новиот командант на КФОР, генерал-мајор Енрико Бардуани, кој официјално ќе го преземе водењето на 11 октомври. Ова го означува 14-тото водење на мисијата на НАТО од страна на Италија, со што одново се потврдува нашата непоколеблива посветеност на безбедноста на Косово“, се вели во објавата на италијансаката амбасада на платформата „Х“.иа/

Остани поврзан