• вторник, 05 ноември 2024

Граѓаните имаат повеќе трошоци од плата, понудата за гас е доставена до Владата, вели Мицкоски

Граѓаните имаат повеќе трошоци од плата, понудата за гас е доставена до Владата, вели Мицкоски
Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) - Граѓаните имаат повеќе трошоци, а помалку плата, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, велејќи дека не само што не е покачена просечната плата како што кажува премиерот туку реалното покачување е негативно. Според него, инфлацијата во Македонија е убедливо највисока во регионот и изнесува 18,7 проценти, така што зголемувањето на платите не е реално, бидејќи цените на прехранбените производи се зголемени. - Што значи дека доколку просечната плата е зголемена за 11,1 како што вели Ковачевски, реалниот пораст е 7,6 проценти во минус. Затоа што имате инфлација од 18,7 проценти, а зголемување многу помало од таа инфлација. И еве да бидам попрецизен млекото, лебот, јајцата, маслото се зголемени за 18,7 проценти, а паричната маса која што ја добил тој кој што ги купува овие производи е 11,1 процент. Што значи имаме повеќе трошоци, а помалку плата, рече Мицкоски. Во однос на контактите за снабдување со гас и мазут што тој и ВМРО-ДПМНЕ им ги дадоа на Владата, лидерот на опозициската партија кажа дека концептот којшто го понудиле се темелел на основната претпоставка дека ќе има оперативни блока во Битола, два оперативни во Неготино, оперативен Осломеј, и функционален хидропотенцијал, како и да работи термоелектраната ТЕТО Скопје. -Морам да кажам дека од основното сценарио нема ни О, затоа што во Битола работат во моментот два блока и тие работат на ниво од 150 до 160 мегават, а тие имаат инсталирани повеќе од 200 мегавати. Неготино не работи, не работи од 18 октомври во 2 и 25 наутро затоа што има дефект на генератор, изгорени се намотки.Тие велат дека редовно го исклучиле затоа што ќе го сервисирале. Повторно не ја говорат виситната. Лажат. Исто така Кичево не работи. Таму поради нередовно одржување пукаат цевки. И денеска кога ќе појдете во Кичево ќе видите дека Осломеј не работи. Хидропотенцијалот ако тој ден кога бев во Владата имаше резерви 30 проценти на 20 октомври, според диспечерскиот извештај на АД ЕЛЕМ,  е 25 проценти, за уште помалку.  Пред грејната сезона тој мора да биде 75 до 80 проценти, рече Мицкоски. Според него, вчера до АД ЕСМ е доставена понуда за снабдување на гас и тој ја има таа понуда. -Знам која е цената, кои се условите, знам се и можам да кажам дека е многу поповолна од таа која што беше купена од страна на Владата за втората половина месец октомври, рече Мицкоски. Компанијата која требаше да обезбеди ресурс како што е мазутот, според лидерот на опозициската партија, ќе достави понуда во понеделник. -Отприлика цената ја знам и таа цена ќе се движи под берзанската цена натоварена со сите даноци, давачки, акцизи и сето останато, на едно пристаниште кај нашиот јужен сосед. Останува на Владата само да го организира превозот  до потрошувачите. Тоа се термоелектраните Осломеј и Битола или до термоелектраната Неготино, што значи дека е некаде за 70 до 80 евра по тон поевтина од таа која што до сега ја купува Владата, рече Мицкоски. Тоа, како што кажа, ќе и овозможи на Владата заштеда на повеќе од 200 милиони евра. -Јас нема да навлегувам понатаму во детали нека го соопшти тоа Владата. Ние како опозиција ќе ги чуваме понудите и ќе ја потсетиме Владата кога ќе одлучи да го краде народот преку тендери во четири очи за колку го краде народот и што можеа да купат. Тоа е до нив.Дали они ќе се организират  навремено па потоа ќе се вадат на време, немало време, тоа е до Владата. Тоа не е ниту до опозицијата, ниту до било кој од вас, ниту од било кој граѓанин. Ние како опозиција направивме државнички потег, историски би рекол во европски и помогнавме кога цениме дека е најтешко, рече Мицкоски. ев/нд/  

Остани поврзан