• четврток, 21 ноември 2024

Град Скопје објави нов јавен повик за приватните превозници

Град Скопје објави нов јавен повик за приватните превозници

Скопје, 10 април 2023 (МИА) - Град Скопје денеска објави нов јавен повик за враќање на приватните превозници во јавниот превоз. На првите два повици немало пријавени, а како што информираат од Градот, третиот повик е пропаднат поради нецелосна документација на подносителите на апликациите.

-Подносителите на апликациите имаа нецелосна документација. Постапката е во тек, и се надеваме дека набрзо ќе биде успешно спроведена, за што ќе бидете навремено известени, велат за МИА од Град Скопје.

На веб-страницата на Градот денеска беше објавен нов оглас со идентични услови како и на претходниот. Огласот е отворен до 24 април.

Се бараат превозници за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овиие линии потребни ќе бидат 115 автобуси и 245 возачи.бт/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан