• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Градоначалничката Арсовска упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан Бајрам

Градоначалничката  Арсовска упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан Бајрам

Скопје, 10 април 2024

На сите граѓани од исламската вероисповед им упатувам срдечни честитки за Рамазан Бајрам, со искрена желба за добро здравје, спокој, благосостојба и среќа.

Со добрина и насмевка помогнете каде можете, бидејќи единствено со заедништво можеме да придонесеме за просперитетно општество во кое сите поубаво и подобро ќе живеат.

Со негување на солидарноста, соживотот, толеранцијата и меѓусебното разбирање да придонесеме за подобра иднина на сите наши сограѓани.

 

Градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска


Одделение за односи со јавност на Град Скопје

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан