Градоначалникот Орце Горѓиевски одликуван со орден за посебен придонес „Архиепископ Доситеј“ од МПЦ-ОА
- Со одлука на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан и врз Уставот на МПЦ, денеска градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски беше одликуван со орден за посебен придонес, кој го носи името на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, „Архиепископ Доситеј“.
Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Со одлука на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан и врз Уставот на МПЦ, денеска градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски беше одликуван со орден за посебен придонес, кој го носи името на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, „Архиепископ Доситеј“.
Ова признание, како што информира Општина Кисела Вода, за градоначалникот Ѓорѓиевски е за неговиот придонес за поставувањето на крстот во Драчево и реконструкцијата на храмот „Света Петка“ во Црниче.
- Како човек кој е израснат во семејство кое ја почитува верата и традицијата, мојата водилка секогаш е Бог. И секогаш, колку што можам ќе помогнам на сите, на Црквата и на нашиот народ. Да се трудиме да станеме подобри луѓе, да има добра мисла помеѓу нас и секогаш да си подаваме рака – тоа е мојата вековна мисија! Сакам да изразам огромна благодарност до г.г. Стефан, кој секогаш е моја поддршка и ми дава мудри совети и Светиот Синод за оваа чест, изјави Ѓорѓиевски.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода изрази благодарност до неговиот тим, кој како што рече, секогаш е до мене и до семејството. мд/лв/
Фото: Општина Кисела Вода