• петок, 05 јули 2024

Градоначалникот на Кавадарци Јанчев даде отчет за една година работа 

Градоначалникот на Кавадарци Јанчев даде отчет за една година работа 
Кавадарци, 26 октомври 2022 (МИА) - Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска даде отчет за една година работа во вториот мандат. Според него, Кавадарци веќе одамна отскокнува од другите општини во инфраструктурата, економскиот развој, туристичката понуда, но и стана општина во која се живее безбедно и квалитетно, рече тој, осврнувајќи се на повеќе проекти. - Градскиот пазар кој после 60 години доби модерен и атрактивен изглед, таков каков што треба да биде и каков што заслужуваат граѓаните. Нов парк ,,Киро Крстев’’. Спортска сала во О.О.У „Страшо Пинџур”  Кавадарци. Изградба на спортска сала во О.О.У „Димката Ангелов Габерот“ во село Ваташа, Кавадарци, информираше Јанчев, задржувајќи се и на реконструкции на подрачни училишта. Тој соопшти дека после 40 години, Кавадарци доби нова детска градинка, во функција е пуштена петтата мини хидроцентрала на системот Лукар, инсталирани мерни станици за смарт земјоделство, поставени фотонапонски панели на 10 јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 200 киловати на час, асфалтирани улици,  реконструирана патната инфраструктура во околните села во Кавадарци и тоа Бохула, Ресава, Голеш , Куманичево, Фариш, Раец, Крњево. Тој упати благодарност до сите кои придонеле Кавадарци да стане безбедно, сигурно и модерно место, во кое младите ќе останат да живеат, да градат семејства, да создаваат и напредуваат.  свд/цр

Остани поврзан