• понеделник, 23 декември 2024

„Градиме иднина“: Институционално да се решаваат проблемите на децата питачи

„Градиме иднина“: Институционално да се решаваат проблемите на децата питачи
Скопје, 18 февруари 2022 (МИА) - Четири илјади деца и луѓе на поголема возраст питачат во цела држава, а околу 50 деца на возраст од 3 до 14 години користат наркотични средства, се дел од податоците од истражувањето на Здружението „Градиме иднина“ презентирано денеска во рамки на проектот „Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“ почнат од 3 декември 2021 година. Според истражувањето, како што рече денеска на прес-конференција Илија Јовановски, претседател на „Градиме иднина“, околу 4 илјади деца во нашата земја се под вердо небо, 18 700 не се во училишните клупи, а 1 500 деца од ромската популација не се евидентирани  со матични броеви. Во истражувањето се наведува дека само во Скопје бројката на децата питачи е зголемена од 70 на 100. Јовановиќ на прес-конференција рече дека досега три малолетни деца од тригодишна возраст починале од користење лепило и наркотични средства. Како што информираше, на средба со новата министерка за труд и социјална политика Јованка тренчевска побарале дополнување и измени во Законот за заштита на децата. Тој потенцира дека тие како невладина организација бараат институционално да се решаваат проблемите, затоа што, како што рече, според оваа истражување заклучивме дека малите деца за време на питачењето делуваат поагресивно и ги малтретираат и понижуваат возачите. - Еден апел до возачите - престанете да помогнете во финансиска помош. Државата и Министерството е должна да го реши овој горлив проблем. Откако ќе се прекрати пружењето рака кон таа категорија, ќе се реши со побрзи чекори да се отстранат од овие локации каде што се маркирани сите локации за питачењето. Апелирам и барам од Министерството за труд и социјална работа проблемите на Ромите во цела држава да се решат, како што е решавање на здравствените проблеми, образованието, околу вработувањето, да се отворат работилници, рече Јовановиќ. Тој истакна дека во наредниот период Здружението „Градиме иднина“ ќе организира тркалезна маса со сите надлежни институции и амбасадори во нашата земја за да добијат поддршка и помош за да вршат притисок врз Владата и институциите со цел да има подобро утро за овие деца кои користат наркотични средства. Вели Мумин, поранешен спортист, упати апел до Првата детска амбасада „Меѓаши“ и сите институции да им помогнат на децата и да се даде можност проектот да заврши во најдобро светло за да нема повеќе деца по улиците. - Ние треба најпрвин да ги извлечеме децата од улиците и да им дадеме едукација. Едноставно, да имаат едно елементарно познавање, да знаат да пишуваат и читаат и да ги знаат своите права, рече Мумин.фф/лв/

Остани поврзан