• недела, 22 декември 2024

Горан Пандев избран за делегат во Собранието на ФФМ од ОФС Струмица

Горан Пандев избран за делегат во Собранието на ФФМ од ОФС Струмица
Струмица, 1 март 2022 (МИА) - Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев е избран за делегат во Собранието на ФФМ на синоќешното собрание на ОФС Струмица. Тој беше предложен од ФК „Академија Пандев“, чиј сопственик е, а на собранието учествуваше преку видео врска. Освен Пандев за делегати во Собранието на ФФМ се избрани и актуелниот пртетседател на ОФС Струмица, Ѓорги Гоцевски и Ванчо Коцев од ФК „Плачковица“ од Радовиш. Инаку, ОФС Струмица лани не избра делегати во ФФМ, ниту му даде поддршка на актулениот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини. Заради тоа, цела година судии, делегати и контролори од ОФС Струмица не беа вклучени во фудбалските натпреварувања. На Собранието на ОФС Струмица од 47 беа присутни 38 делегати, кои едногласно го поддржаа изборот на Пандев за делегат во Собранието на ФФМ. рт/зс/

Остани поврзан