• недела, 22 декември 2024

Горан Иванов в.д. директор на Управата за финансиска полиција

Горан Иванов в.д. директор на Управата за финансиска полиција
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Горан Иванов е именуван за в.д. директор на Управата за финансиска полиција. Како што потврдија за МИА извори од Владата, тој на должноста е именуван на денешната владина седница. Иванов доаѓа на местото на досегашниот директор Арафат Муареми кој даде оставка по меѓусебните обвинувања и преписки со обвинителката Вилма Рускоска која во моментот е суспендирана од функцијата шефица на Јавното обвинителство за организирал криминал и корупција, а за нејзината жалба утре ќе одлучува Советот на јавни обвинители. бак/сп/ фото:МИА

Остани поврзан