• петок, 05 декември 2025

Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица

Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица

Струмица, 26 јули 2025 (МИА) - Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се шири кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е помош од пожарникарите од Валандово и вклучување на хеликоптер.

Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето. рт/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан