• вторник, 24 декември 2024

Голем банер со сликите на Трамп и Харис поставен во центарот на Приштина

Голем банер со сликите на Трамп и Харис поставен во центарот на Приштина

 Приштина, 5 ноември 2024 (МИА) – Со мировна порака за пријателството на Косово со Соединетите Американски Држави, попладнево во центарот на Приштина е поставен голем банер со фотографиите на кандидатите за претседател на САД, Камала Харис и Доналд Трамп, јави дописникот на МИА од Приштина.

Банерот со пораката „Заедно стоиме во земјата на слободата“ кој, дента кога се одржуваат претседателските избори во Америка, е поставен на фасадата на хотелот „Гранд“ во центарот на косовската престолнина, покрај оној за поддршка на Украина со порака „Слобода за Украина“, е дело на Косовскиот институт за студии на хибридната војна „Октопус“.

Вишиот истражувач на „Октопус“, Гуракуќ Кучи за агенцијата КосоваПрес (kosovapress.com) изјави дека народот на Косово секогаш стои покрај Соединетите Американски Држави, притоа нагласувајќи ја важноста за целиот свет на претседателските избори што се одржуваат таму.

Кучи нагласи дека, покрај косовската независноста, „САД и Косово ги обединуваат вредностите, достоинството и опстојноста во самоопределувањето“.

„Поддршката на Косово не изостана ниту од републиканците ниту од демократите, додека беа на власт... САД имаат стабилна демократија, стратегија и систем, со што на светот му обезбедуваат побезбедна иднина“, рече Кучи, додавајќи дека овој банер е порака на благодарност за континуираната помош од Америка.

Фото: КосоваПрес

Остани поврзан