• понеделник, 23 декември 2024

Глас на Америка: Русија објави полициска потрага по судијката која издаде налог за апсење на Путин  

Глас на Америка: Русија објави полициска потрага по судијката која издаде налог за апсење на Путин  

Вашингтон, 27 јули 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи на Русија објави федерална потрага по судијката на Меѓународниот кривичен суд Томоко Акане, која издаде налог за апсење на претседателот на Русија Владимир Путин, јави Гласот на Америка. 

Според документот, руската полиција трага по Јапонката родена 1965 година врз основа на некакво кривично дело. Нејзиното име и презиме се во транскрипција на руски јазик. 

МКС во март годинава издаде налог за апсење на Путин и на Марија Лавова-Белова, руски омбудсман за правата на децата. По неколку денови рускиот Истражен комитет подигна кривична пријава против обвинителите и трите судии на МКС кои го издадоа налогот. 

Истражниот комитет на Русија во мај издаде полициска потрага по Розарио Салваторе Ајтале, судија на МКС, а по обвиненија за наводно сторено кривично дело намерно незаконско држење во притвор и подготовка за напад на претставник на странска држава. Потрага е издадена и по Ахмад Хан, обвинител во МКС. кб/паг/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан