• вторник, 17 декември 2024

Гидеон Саар: Израел сега е со повеќе оптимизам за договор за заложниците во Газа

Гидеон Саар: Израел сега е со повеќе оптимизам за договор за заложниците во Газа

Тел Авив, 9 декември 2024 (МИА) - Израел е „пооптимистичен“ за можен договор за ослободување на заложниците во Газа, изјави денеска министерот за надворешни работи Гидеон Саар.

Тој рече дека се водат посредни преговори за ослободување на околу 100 заложници, но нагласи дека договор сè уште не е постигнат. „Сè уште сме далеку од конечен договор, но изгледите се подобруваат“, рече Саар на прес-конференција во Ерусалим.

- Нема да има прекин на огнот во Газа без договор за заложниците, изјави тој.

Палестински претставници потврдија дека Хамас побарал од останатите групи во Газа да ги изготват списоците со имиња на заложниците.

Од почетокот на војната, според палестинските власти, загинале над 44.500 лица, од кои повеќето се жени и деца. Израел тврди дека целите му се само борци, а за цивилните жртви го обвинува Хамас. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан