• понеделник, 23 декември 2024

Германците се чувствуваат се понесигурно

Германците се чувствуваат се понесигурно

Берлин, 30 јануари 2024 (МИА) – Граѓаните во Германија се чувствуваат сè понесигурно, при што се забележливи големи разлики во перцепцијата за закана меѓу граѓаните од источните и западните делови на земјата, покажува новото истражување.

-Според сегашното истражување, 61 процент од анкетираните германски граѓани се чувствуваат безбедно, што е пад во споредба со последното истражување од пред две години, изјави Ренате Кочер, директорка на Институтот „Демоскоп Аленсбах“, што го спроведе истражувањето наречено „Извештај за безбедност 2024 година. 

Истовремено, како што се наведува во извештајот, забележлива е разликата во интензитетот и перцепцијата на заканата меѓу жителите на западниот и источниот дел на Германија, односно областа што некогаш припаѓала на Источна Германија.

Неизвесноста за тоа што носи утрешнината е присутна кај 68 отсто од испитаниците на истокот од земјата и 46 отсто на западот. На истокот од земјата, помалку луѓе ја доживуваат Русија како закана отколку во западниот дел, но во исто време постои зголемен страв дека Германија може да биде вовлечена во воен конфликт.

За жителите на источниот дел на земјава најголема опасност се бегалците и поскапувањето на енергенсите, иако стравувањата од осиромашување се помалку изразени од пред две години и на истокот и на западот на земјата.

-Западот и истокот на земјата во моментов се повеќе се разминуваат, а тоа е проблем на кој му се посветува премалку внимание, заклучи Кочер. 

Незадоволството на граѓаните од источниот дел на земјата е видливо и во анкетите на јавното мислење, според кои популистичката партија Алтернатива за Германија (АфД) во моментов е најпопуларна политичка сила на тој простор.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан