• сабота, 23 ноември 2024

Германците поддржуваат испраќање на цел фудбалски тим во карантин за 14 дена, доколку еден играч даде позитивен тест

Германците поддржуваат испраќање на цел фудбалски тим во карантин за 14 дена, доколку еден играч даде позитивен тест
Минхен, 25 април 2020 (МИА) - Студија во Германија покажува дека 90 проценти од испитаниците поддржуваат испраќање на цел фудбалски тим во карантин за 14 дена, доколку еден играч даде позитивен тест за коронавирус, јави ДПА. Бундеслигата се надева дека ќе ги продолжи натпреварите во мај без навивачи ако тоа го дозволат владата и здравствените власти. Германската фудбалска лига планира да го карантинира само заразениот играч и да прави редовни тестови на неговите соиграчи, спротивно на практиката во други земји. Истражувањето спроведено на барање на АРД, исто така, покажува дека 61 процент веруваат дека цената на редовните тестови за спречување на инфекцијата не е оправдана. Експертите се жалат дека тестовите треба да бидат резервирани за здравствените работници и оние на кои им се потребни.

Остани поврзан