Германскиот министер за одбрана Писториус предупреди дека армијата се соочува со недостиг од шест милијарди евра
- Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предупреди дека недостигот на средства за 2025 година може да го остави министерството без финансирање што му е потребно за воените сили на земјата, јави ДПА.
Берлин, 5 ноември 2024 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предупреди дека недостигот на средства за 2025 година може да го остави министерството без финансирање што му е потребно за воените сили на земјата, јави ДПА.
Тој денеска изјави дека на германската армија и се потребни околу 58 милијарди евра во 2025 година за брзо надминување на недостатоците во нејзината способност.
„Во сегашната состојба на работите, ќе ни бидат одобрени околу 52 милијарди евра. Тоа значи дека следната година ќе имаме дупка од речиси шест милијарди евра“, рече Писториус.
Додаде дека благодарение на специјалниот фонд од 100 милијарди евра за Бундесверот „невообичаено голем број проекти започнале невообичаено брзо“. рп/
Фото: ЕПА