• понеделник, 23 декември 2024

Германската министерка за Европа и за клима Ана Лиерман во посета на УИНТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Германската министерка за Европа и за клима Ана Лиерман во посета на УИНТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид

 

Охрид, 18 јули 2023 (МИА) - Министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија, Ана Лирман денеска престојуваше во работна посета на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, при што е сретна со проректорката за меѓународна соработка на Универзитетот Устијана Речкоска-Шикоска.

Како што се посочува во соопштението од УИНТ „Свети Апостол Павле“, министерката Лирман заедно со  Зоран Мартиновски, претседател на менаџмент консултантската компанија „PrimePoint Partners“ и Давид Оберхугер, директор на Германското друштво за интернационална соработка, како и претставници од неколку стејкхолдери ги посетија и просториите на „Ohrid Blue Economy Accelerator“ што функционира во рамки на Универзитетот.

Притоа било разговарано на интересни теми околу меѓународната соработка, потенцијалните инвестиции и заеднички проектни активности.

Од УИНТ „Св. Апостол Павле” во Охрид истакнуваат дека покрај образовната, едукативна и научно-истражувачката работа, активно продолжуваат да ја развива својата проектна дејност и меѓународната соработка, вклучувајќи клучни институции од Охрид, државата, регионот, како и во светски рамки. аб/са/

Фото/УИНТ „Свети Апостол Павле“

Остани поврзан