• недела, 22 декември 2024

Германската Влада назначи координатор за соработка со администрацијата на Трамп

Германската Влада назначи координатор за соработка со администрацијата на Трамп

Берлин, 15 ноември 2024 (МИА) - Германската Влада го назначи политичарот од „Зелените“, Тобијас Линднер, за трансатлантски координатор, задолжен за изработка на план за соработка со администрацијата на Доналд Трамп, јави Ројтерс повикувајќи се на извор во германското МНР, пренесува БТА.

Ваквата одлука доаѓа откако тројната коалиција на канцеларот Олаф Шолц се распадна, оставајќи празнина во германската политика во пресрет на претседателските избори во САД.

Досегашниот координатор Михаел Линк, кој одржуваше односи со двете американски партии, ја напушти функцијата поради политичките превирања. Линднер, кој е државен министер во Министерството за надворешни работи, привремено ќе ја преземе оваа улога.

Линднер следната недела ќе патува за Канада за да учествува на Форумот за меѓународна безбедност во Халифакс, каде ќе се дискутира влијанието на американските избори врз НАТО и глобалните кризи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан