• четврток, 27 јуни 2024

Гери Конил избран за премиер на Хаити

Гери Конил избран за премиер на Хаити

Порт-о-Пренс, 29 мај 2024 (МИА) - Преодниот совет на Хаити денеска го назначи Гери Конил, поранешен премиер на земјата и регионален директор на УНИЦЕФ за Јужна Америка и Карибите, за нов премиер.

Конел ќе го замени привремениот премиер Мајкл Патрик Бојсверт, кој беше назначен откако премиерот Ариел Хенри поднесе оставка во април.

Новиот премиер ќе се соочи со предизвиците на сиромаштијата, инфлацијата од 29 отсто и насилните банди кои држат околу 80 отсто од главниот град Порт-о-Пренс под своја контрола. мс/

фото: Википедија

Остани поврзан