Герасимовски: Целосна реконструкција на детското игралиште во Дебар Маало, побезбедна игра за младите
- -Продолжуваме со уредување и обновување на детските игралишта низ општината, затоа што нашите деца заслужуваат безбедни и современи места за игра и развој. Апелирам до сите граѓани да се однесуваат одговорно и совесно, да ја чуваме новата опрема и заеднички да придонесеме за зачувување на јавните простори. Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме долгорочна корист за сите, рекол градоначалникот Горан Герасимовски.
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Започна целосната реконструкција на култното детско игралиште „Славка Недиќ“, попознато како „Дрвен“, лоцирано во Дебар Маало, со цел создавање побезбеден, пофункционален и современ простор за игра на децата, информираа денеска од Општина Центар.
Оттаму соопштија дека со реконструкцијата ќе се изврши целосна замена на дотраената урбана опрема и постојните реквизити, кои ќе бидат заменети со нови, современи и безбедни содржини. Во рамки на проектот била предвидена и изградба на нов летниковец, , што, како што истакнаа, ќе овозможи дополнителен простор за одмор и дружење на граѓаните. Игралиштето долго време било омилено место за игра и рекреација на децата од Дебар Маало.
-Продолжуваме со уредување и обновување на детските игралишта низ општината, затоа што нашите деца заслужуваат безбедни и современи места за игра и развој. Апелирам до сите граѓани да се однесуваат одговорно и совесно, да ја чуваме новата опрема и заеднички да придонесеме за зачувување на јавните простори. Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме долгорочна корист за сите, рекол градоначалникот Горан Герасимовски.
Во информацијата до јавноста се вели дека оваа инвестиција е дел од континуираните активности на локалната самоуправа за унапредување на јавните простори и создавање поквалитетни услови за живот во урбаната средина.
Притоа се истакнува дека Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во реконструкција и модернизација на детските и спортските игралишта, со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани. свд/вг/
Фото: Одделение за односи со јавност при
Општина Центар