• понеделник, 01 јули 2024

Герасимовски: Сто семејства добиваат по 7 000 денари парична помош за новороденчиња

Герасимовски: Сто семејства добиваат по 7 000 денари парична помош за новороденчиња
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Општина Центар започна со исплата на парична помош за новороденчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски во Паркот на Франкофонијата на 100 семејства од Центар кои имаат новороденче лично им ги врачи решенијата во висина од 7.000 денари. -На мое задоволство денеска овде во Паркот на Франкофонијата ги доделуваме решенијата за еднократна парична помош за најмладите центарци. Покрај овие средства, новите родители добиваат и пакет производи и услуги од општествено одговорните компании Еурофарм, ПЗУ Жан Митрев, Реплек, Геопром, Хип, Веледа за што би сакал да им упатам искрена благодарност. Со подарувањето педијатриски услуги и сет производи општествено одговорните компании покажуваат дека се силно фокусирани на своите потрошувачи. Тоа е навистина за поздрав, истакна Герасимовски. Еднократната парична помош за новите родители кои редовно ги доделува општина Центар се во рамки на проектот на општината за доделување првична помош и поддршка на родителите, жители на општина Центар. Како што информираат од општина Центар, во Паркот на Франкофонијата градоначалникот Герасимовски на родителите на најмладите сограѓани во општината им посака добро здравје и среќно и безгрижно детство, а на родителите успешно родителство и хармонични моменти во семејството. Општина Центар, најавуваат оттаму, ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите во општината. сст/лв/

Остани поврзан