• вторник, 19 ноември 2024

Герасимовски: Со 15 асистенти во училиштата овозможуваме инклузивност на децата со попреченост

Герасимовски: Со 15 асистенти во училиштата овозможуваме инклузивност на децата со попреченост
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) - Од Општина Центар информираат дека и годинава продолжуваат со активностите за финансиска поддршка на невработени лица како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби од општинските основни училишта. Со проектот „Образование за сите“, кој е опфатен со Програмата за образование за 2022-ра година, се предвидува ангажирање на невработени лица како лични асистенти на ученици со попреченост од осумте основни училишта во општината. Како што информираат од општината проектот започна со целосна финансиска поддршка на УНДП и Министерството за образование, за сега веќе втора година по ред истиот да се реализира со комплетно финансирање од страна на Општина Центар. -Со овој проект ‘Образование за сите’, кој е опфатен со Програмата за образование за 2022-ра година, предвидуваме ангажирање на невработени лица како лични асистенти на ученици со попреченост од 8-те основни училишта во општината. Оваа година, со проектот се опфатени вкупно 17 ученици, за кои согласно проценките на стручните служби, како и наодот и мислењата кои ги поседуваат, се сметаат за приоритетни во потребата од придружба при следење на наставата и совладување на наставниот материјал. Започнувајќи од март, покрај постоечките 12, предвидено е вклучување на дополнителни 3 лични асистенти, за кои дополнително се појави потреба по барање на родителите и стручните служби од училиштата, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Основната идеја на проектот „Образование за сите“ е со употреба на различни модули да им даде поддршка на сите деца во оваа целна група во повеќе насоки: инклузија на децата со попречености во образовниот систем; подобрување на нивната социјална интеграција; поддршка при совладувањето на образовните содржини и олеснување на движењето и пристапот низ училишните простории. Како што информираат од општината, проектот започна со целосна финансиска поддршка на УНДП и Министерството за образование, а веќе втора година по ред се реализира со комплетно финансирање.свс/лв/

Остани поврзан