Герасимовски: ООУ „Кочо Рацин“ добива сензорна соба и Кабинет по информатика
- По повод 79-роденден на ООУ „Кочо Рацин“ градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со амбасадорите на Полска Кшиштоф Гжелчик, Италија Андреа Силвестри и пријателите од ,,Отворете ги прозорците,, отворија сензорна соба и Кабинет по информатика за учениците од ова училиште.
Скопје, 15 декември 2023
По повод 79-роденден на ООУ „Кочо Рацин“ градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со амбасадорите на Полска Кшиштоф Гжелчик, Италија Андреа Силвестри и пријателите од ,,Отворете ги прозорците,, отворија сензорна соба и Кабинет по информатика за учениците од ова училиште.
„Ние сме општина која преку образованиот процес инвестира во младите генерации. Наш приоритет се токму вакви проекти кои во училиштата даваат еднакви можности за сите, за процес кој е инклузивен и со индивидуален пристап за секое дете. Воедно на директорката сите вработени и учениците им честитам 79-години од основањето на училиштето „Кочо Рацин“. Ви посакувам уште многу успешни генерации кои преку своите кариери ќе ја промовираат Општина Центар и ова училиште. Гледам дека и мотото на вашата приредба е љубовта која ги спојува минатото и и иднината и тоа ме прави особено среќен. Каде и да сме да не заборавиме од каде сме почнале, како сме се градиме и кои се амбиициите пред нас“, рече Герасимовски.
Општина Центар издвои сопствени средства за отворање на Кабинетот за информатика, училиштето доби и сензорна соба со поддршка од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и Советот на родители кои преку донаторски акции учествуваа со финансиски средства. Во денешната прилика италијанскиот амбасадор Силвестри донираше и учебници по италијански јазик за првата паралелка која го изучува овој јазик.
Општина Центар
фото Општина Центар
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.