• петок, 22 ноември 2024

Герасимовски: Засилените контроли на Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжуваат

Герасимовски: Засилените контроли на Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжуваат

Скопје, 15 октомври 2024 

Во заедничка акција  инспекторите за животна средина на Општина Центар, хигиеничарите од ПОЦ и Министерството за внатрешни работи исчистија и заградија напуштен објект кој пред извесен период бил диво населен и претворен во дива депонија и кој претставуваше извор на зарази. Објектот се наоѓа во непосредна близина на гимназијата Р.Ј Корчагин.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните да ги пријавуваат вака запуштените објекти.

„Овде затекнавме мини депонија која навистина негативно влијае не само на здравјето на околината туку и на здравјето на самите граѓани кои диво се населиле. Нашата цел како општина е да ги исчистиме и обезбедиме сите слични објекти и поради заштита на здравјето на граѓаните кои живеат во нивна околина и поради безбедносни причини. За таа цел ги повикувам сите жители на Центар да ги пријавуваат ваквите запуштени места со цел да ги исчистиме, обезбедиме и затвориме од повторно насилно вселување“, потенцира Герасимовски.

Општина Центар е решена да воведе ред во напуштените објекти и сите сопственици кои имаат вакви објекти ќе бидат задолжени истите да ги одржуваат, безбедноста на граѓаните и одржувањето на јавната хигиена во општината е на прво место.

Со почит,

Општина Центар

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Центар 

Остани поврзан