• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: Даночната канцеларија во Центар нуди побрза и поедноставна услуга за нашите жители

Герасимовски: Даночната канцеларија во Центар нуди побрза и поедноставна услуга за нашите жители

Скопје, 20 јуни 2025 (МИА) - Општина Центар ги информира сите граѓани кои сѐ уште не добиле решение за наплата на данок на имот за 2025 година дека можат да ги регулираат своите обврски со директно обраќање во општинската даночна канцеларија.

- Истурената даночна канцеларија значи побрза и поефикасна услуга. Целта ни е граѓаните навремено и лесно да ги завршат своите обврски, изјавил градоначалникот Горан Герасимовски, соопштија од Општина Центар.

Граѓаните преку општинската канцеларија можат да добијат решенија за данок на имот за физички и правни лица, информации за состојбата со платените решенија, можност за промена на податоци во постојни решенија (како адреса, сопственик или имотен лист), пријава на нови обврзници, допријава на имот од легализација, како и корекција на квадратурата според имотниот лист.

Канцеларијата е отворена секој работен ден, од 08:00 до 16:00 часот, во Општина Центар, барака број 5, соба 15. цр/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан