Герасимовски: Годинава доделени 140 субвенции за велосипеди, заврши повикот за субенции
- СООПШТЕНИЕ - Во рамките на проектот „Цел Центар на точак“ Општина Центар додели вкупно 140 субвенции за оваа година: 110 за нови велосипеди и 30 за електрични велосипеди и тротинети.
Скопје, 6 декември 2024
Во рамките на проектот „Цел Центар на точак“ Општина Центар додели вкупно 140 субвенции за оваа година: 110 за нови велосипеди и 30 за електрични велосипеди и тротинети.
Аплицирањето за субвенции за купување велосипеди, е- велосипеди и тротинети е завршено, но повикот за субвенционирање дополнителна опрема останува отворен до исцрпување на средствата или до 31.12.2024 година.
Секој полнолетен граѓанин имаше право на еднократна субвенција во висина од 30% од цената, но не повеќе од 3.000 денари.
„Овој проект не само што го олеснува секојдневието на жителите на Центар, туку и го подобрува квалитетот на живот со промоција на здрави навики и алтернативни начини на транспорт. Секој нов велосипед и тротинет значи помалку сообраќаен метеж и повеќе слободни паркинг места. Продолжуваме со поддршката за сите кои се дел од оваа позитивна промена,“ порача градоначалникот Герасимовски.
Општина Центар заслужено ја носи титулата највело општина, благодарение на современата велосипедска инфраструктура развиена на сервисните улици. Истовремено, како пионер во промоцијата на алтернативниот превоз, Центар е првата општина во Македонија која, на барање на граѓаните, воведе субвенции за дополнителна опрема за велосипеди, електрични велосипеди и тротинети.
Општина Центар
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.