Герасимовски врачи 33 стипендии за извонредни успеси во областа на науката, техниката и посебните вештини
- СООПШТЕНИЕ: Општина Центар додели 33 стипендии на учениците од основните училишта за постигнатите резултати на државните и меѓународни натпревари, со цел да ги поддржи и мотивира за понатамошен напредок во науката, техниката и посебните вештини. „Го препознаваме талентот кај нашите млади и инвестираме во развивање на нивните способности. Вложувајќи во нивниот потенцијал, вложуваме во прогресот и иднината“ истакна градоначалникот Горан Герасимовски, кој лично им ги врачи стипендиите на учениците на свечената приредба организирана во ООУ „Киро Глигоров“ по повод Денот на општината.
Скопје, 30 октомври 2024
Општина Центар додели 33 стипендии на учениците од основните училишта за постигнатите резултати на државните и меѓународни натпревари, со цел да ги поддржи и мотивира за понатамошен напредок во науката, техниката и посебните вештини.
„Го препознаваме талентот кај нашите млади и инвестираме во развивање на нивните способности. Вложувајќи во нивниот потенцијал, вложуваме во прогресот и иднината“ истакна градоначалникот Горан Герасимовски, кој лично им ги врачи стипендиите на учениците на свечената приредба организирана во ООУ „Киро Глигоров“ по повод Денот на општината.
Стипендиите, во износ од 3.000 и 3.500 денари месечно, ќе се исплаќаат до крајот на учебната година.
На настанот беа доделени и пофалници за најдобрите ликовни и литературни творби на тема „Мојот Центар, мојот мал свет“.
Покрај стипендиите за наука, техника и посебни вештини, вчера Герасимовски врачи и 46 стипендии на надарените ученици од областа на културата.
Општина Центар ќе продолжи да вложува во стипендирање на учениците со постигнати резултати на градски, републички и меѓународни натпревари, бидејќи тоа е влог во иднината и просперитетот.
Со почит,
Општина Центар
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Општина Центар