• вторник, 02 јули 2024

Гвардиола: Фоден ја игра најдобрата сезона во кариерата

Гвардиола: Фоден ја игра најдобрата сезона во кариерата

Манчестер, 6 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола искажа пофални зборови за Фил Фоден кој ги постигна трите гола за „Граѓаните“ во синоќешната победа (3:1) над Брентфорд во натпреварот од 23. коло на Премиер лигата.

- Беше тежок натпревар, Брентфорд е многу опасен по корнери и не ни беше лесно да се браниме. Во првото полувреме упативме многу удари, но противничкиот голман одигра брилијантно. Заслуживме да победиме, но од друга страна имавме среќа што израмнивме во првото полувреме и не отидовме на пауза да загубиме. Во вториот дел веќе изгледавме подобро. Фоден може да игра на различни позиции, но сака да биде во шеснаесетникот. Многу е важно да имате играч во тимот кој е способен да дејствува кога нема многу простор за него. Фоден има многу корисни квалитети, ја игра најдобрата сезона во кариерата, изјави Гвардиола за „Скај Спортс“.

Манчестер сити се искачи на второто место во премиерлигашкиот поредок со 49 бодови од 22 натпревари. Лидер е Ливерпул кој има 51 бод од 23 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан