• среда, 15 јануари 2025

Гаши се сретна со новиот амбасадор на Албанија, Меидани

Гаши се сретна со новиот амбасадор на Албанија, Меидани

3 септември 2024

Претседателот на Собранието Африм Гаши му посака добредојде и успешна работа во Скопје на новоименуваниот амбасадор на Албанија во земјава Денион Меидани. 

На денешната средба во Собранието, Гаши и Меидани ги истакнаа добрососедските односи и значајната соработка меѓу Северна Македонија и Република Албанија во повеќе области, заложувајќи се за нивно понатамошно надградување. 

Соговорниците разговараа и за можноста за иницирање договор за добрососедство, како круна на тридецениските дипломатски односи меѓу двете земји и како основа за јакнење на пријателството и соработката во иднина. 

Се разговараше и за засилување на парламентарната соработка, во контекст на скорешната посета на Скопје на претседателката на законодавниот дом на Албанија. 

На средбата, беше истакната и важноста на регионалната соработка, како и заедничкиот интерес на Северна Македонија и на Албанија за забрзување на процесите за членство во Европската Унија.

Претседателот Гаши и амбасадорот Меидани разменија мислења и за значењето на Коридорот 8, во контекст на потребата од подинамична економска соработка и зголемување на трговијата и со цел  поголема инфраструктурна и енергетска поврзаност меѓу двете земји. 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан